X
 30.06.2017 Образование

Повеќе од единаесет илјади полуматуранти се запишаа во средно образование во првото пријавување од првиот уписен рок

Во средно образование во првото пријавување од јунскиот уписен рок се запишаа 11 205 ученици, од пријавените 17 179. Според видот на образованието 4 878 ученици се запишале во гимназиско образование, 6 151 ученици во стручно образование и 176 ученици во спортска гимназија. Уписот е завршен за гимназиско образование во скопските средни „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Георги Димитров“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Јосип Броз Тито“ во Битола. Пополнети се и местата во медицинските училишта. Така уписот е завршен за здравствена струка во „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје, „Наце Буѓони“ – Куманово, „Ѓорче Петров“ – Прилеп.



Полуматурантите желба да учат имаат и за стручно образование, но и за уметничко и спорт. За електротехничка струка завршен е уписот со средното „Гошо Викентиев“ – Кочани и „Никола Карев“ – Струмица. Нема места за уште нови средношколци за машинска струка во струмичкото средно „Никола Карев“.

Според конкурсот за упис во државните средни училишта предвидени се 35 909 ученички места. Сега за второто пријавување во јунскиот уписен рок има место за 24 529 ученици.

Сѐ уште не се знае колку полуматуранти се запишале во средните училишта за уметничко образование, бидејќи кандидатите да се школуваат таму полагаат дополнителни испити. Од министерството за образование и наука информираат дека слободни места за запишување на ученици за второто пријавување во јунскиот уписен рок, има во јавните средни училишта во сите општини во Македонија. Второто пријавување од јунскиот уписен рок ќе се одржи на 5 Јули, резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 Јули 2017 година. Во државното средно училиште „Спортска академија”, во прва година се запишале 204 ученици, од кои: 116 за фудбал, 58 за ракомет, 25 за кошарка и 5 тенис.

Од министерството подвлекуваат дека поради големиот интерес на учениците за упис во СУГС „Орце Николов“ – Скопје, одлучле во гимназијата да не се спроведе квалификационо тестирање. Да бидат примени сите ученици кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех во сите одделенија и сите наставни предмети.
Подготвил: В.М.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование