X
 03.07.2017 Образование

Скопските гимназии “Орце Николов“ и „ Раде Јовчевски Корчагин“ добија повеќе ученици, МОН ги прошири квотите за упис

Поради голем интерес за упис во скопските гимназии „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, Министерството за образование и наука одлучи да ги прошири квотите за упис.



Се проширува квотата за запишување на ученици во прва година за една паралелка во гимназијата „Орце Николов“, односно тука ќе се запишат сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,68 поени, а аплицирале во првиоот уписен рок.

МОН денеска соопшти дека се проширува и квотата за запишување на ученици во прва година во скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ и дозволува упис на сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,65 поени, а аплицирале во првиот уписен рок. Учениците за дополнителни информации треба да се јават во училиштата на 4 јули 2017 година. На својот Фејсбук профил се огласи и министерката за образование и наука Рената Дескоска која напиша дека со оглед големиот број на заинтересирани ученици со одлични резултати, МОН овозможува дополнителен упис за учениците кои конкурираа во првиот уписен рок.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование