X
 03.07.2017 Образование

Објавен Конкурс за уписи 2017/18: УКЛО ги отвора вратите за 4095 студенти

ректорат

Универзитетот „Св. Климент Охридски„ - Битола, како втор по старост универзитет во Република Македонија, ширум ги отвора вратите за упис на нови студенти во акдемската 2017/2018 година.

Објавен е Конкурсот за упис на нови студенти којшто е достапен на веб страницата на УКЛО и веб страниците на единиците во состав на УКЛО.
 
Според Конкурсот, во новата академска година,  индекс  на една од 11 единици на УКЛО може да добијат вкупно 4095 студенти. Од нив 2255 се резервирани за државната квота,  другите 950 и 890 места  се однесуваат на квотите за кофанансирање и за вонредни студии.

Заинтересираните кандидати имаат можност за солиден избор од широката лепеза специфични профили. Имено, УКЛО нуди бројни акредитирани и aтрактивни студиски програми што се поврзани со пазарните потреби и коишто се интегрирани во опкружувањето.

Покрај соодветни кадровски, просторни, технички и севкупни услови за студирање, УКЛО и годинава нуди мотивација за најдобрите студенти. На секоја единица на Универзитетот, од сите студиски програми заедно, еден најдобро рангиран кандидат (со највисок број на поени) во квотата на примените редовни студенти, по завршувањето на првиот уписен рок, ќе биде ослободен од плаќање партиципација за првата година на студии.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е најзначајната високообразовна установа во овој Регион и со близу четиридецениското работење, претставува значајна институција во развојот на образовната и научната дејност во земјава.

Универзитет "Св. Климент Охридски" - Битола

ukloКОНКУРС за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола во академската 2017/2018 година

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование