X
 11.07.2017 Култура

Најдолгиот мост на светот ќе биде отворен до крајот на годинава


Најдолгиот мост во Кина
(Фото: New China TV)

По седум години долга и напорна работа, мостот со должина од 55 километри ќе биде пуштен во употреба до крајот на оваа година, а неговата изградба чинеше 98 милијарди евра.

Изградбата на најдолгиот мост во светот полека се приближува кон крајот. Ова вистинско ремек-дело на кинеските неимари ќе ги поврзува Хонгконг, Џухаи и Макао, пренесува „Дејли мејл“.

Зу Јунглинг, директор на управното биро на мостот, потврди дека до крајот на оваа година мостот ќе биде свечено отворен.

Неговата конструкција е тешка 420.000 тони, а во неа има доволно челик за изградба на дури 60 Ајфелови кули.

„Поради недостиг на искуство, ни требаа 96 часа за да ја поставиме првата цевка во океанот, а многу инженери и работници понекогаш поминуваат и по четири дена  без спиење“, вели Јин Хаикинг, водечкиот инженер на проектот.

На мостот ќе биде изграден и вештачки остров каде што ќе бидат лоцирани и станици за полнење на електрични возила.

Во текот на овие седум години на изградба на мостот, работите не секогаш се одвивале без проблеми. Само во 2011 година животот го изгубиле седуммина работници, а дури 129 биле повредени.

Во април годинава на градилиштето во Хонгконг протестирале работниците на Генералната унија за труд, повикувајќи ја владата да ја подобри безбедноста на работните места, но и да ги истражи сите несреќи.

Погледнете го видеото:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура