X
 07.10.2016 Живот

Железничката пруга која го промени светот

Железничката пруга ги поврзува двата краја на најголемата држава на светот и игра голема економска улога дури и еден век по својата изградба.

 

 

 

 

Патувањето по најдолгата железница на светот од Москва до Владивосток трае околу една недела. Меѓутоа, пред повеќе од еден век, кога гигантскиот проект за поврзување на крајниот исток на руското царство бил довршен, истото тоа патување траело еден месец.

 

9.289 километри од Трансибирската железница патниците некогаш ја поминувале со брзино од триесет километри на час. Преминувале преку два континенти , три климатски и десет временски зони.

 

Ова се пет факти кои сведочат за човечката упорност и трудот на големиот број инженери, работници, но и затвореници.

 

1. Градбата траела речиси 13 години

 

Цар Александар Трети го најавил “Големиот сибирски пат“ во далечната 1891 година. За да се  соберат пари за изградба, министерот за финансии гроф Сергер Вите, подигнал кредити, ги зголемил даноците и едноставно печател пари.

 

 

 

 

Работниците започнале со работа, а дури ни екстремните сибирски температури не ги спречиле секојдневно да работат.  Во Сибир каде што немало патишта, лошите временски услови не биле единствениот непријател. Тогаш се бореле и против диви ѕверови, но и разбојници на големото подрачје на северна Азија.

 

Теренот воопшто не бил лесен за совладување. Мочуришта, планини и бескрајни шуми биле исто така голем проблем при изградбата.

 

2. Првиот воз тргнал во 1903 година

 

Кога првиот воз тргнал, патниците морале да поминуваат преку траект кај езерото Бајкал. Дури идната година довршена била пругата околу тоа езеро, а било потребно да се пробијат дури 33 тунели и повеќе од сто мостови и вијадукти. Пругата била брзо поставувана, околу 600 километри годишно, често на незадоволувачки начин, па кога се движеле возовите, работниците често морале да ги сопрат за да ја поправат пругата.

 

3. Требало да биде изградена од Руското царство

 

 

 

 

Затворениците биле транспортирани во ладните предели на Сибир каде што владеел хроничен недостаток на работници. Последните делови од железницата се изградени низ Манџурија, на земјиштето изнајмено од Кинезите, со цел да се зајакне руското влијание на Далечниот исток. Железницата е користена за транспорт на војниците за време на руско-јапонската војна во почетокот на 20-от век. По војната кој завршила во 1905 година и по тешкиот пораз на Русија, се појавиле оправдани стравови дека Јапонците ќе ја преземат Манџурија. Железницата е поставена по руската и значително тешката територија до реката Амур. Еден од мостовите преку Амур, довршен е во 1999 година, а е долг 2.612 метри. Во почетокот на триесеттите години на минатиот век, рускиот страв се покажал како толен и Јапонците ја окупирале Манџурија.

 

4. Возот бил луксузен превозник за богатите

 

Возовите биле опремени со библиотеки, теретана, тоалети и големо пијано. Во рестораните од прва класа патниците можеле да уживаат во мир и да јадат кавијар покрај големото пијано.  На другиот крај од возот, пак, патниците биле заедно со работниците и товарот.

 

5. Железницата и понатаму е важна за Русија

 

Возот и по толку време е единствениот начин за патување преку цела Русија за луѓето кои се плашат од авиони. Местото Хабаровски е единственото каде што возот застанува преку ноќта.

 

 

 

Трансибирската железница и понатаму е важна како и претходниот век.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот