X
 25.07.2017 Живот

Бизарен пасус од книга во кој се опишува уринирањето на мажите и на жените

На социјалната мрежа „Твитер“ се појавил извадок од книга во кој се опишува начинот на кој мажите и жените уринираат и разликите помеѓу истиот процес.

фото извор: Twitter

Објавата на писателката и новинарка Џулија Карпентер била споделена повеќе од 14.000 пати. Пасусот во кој се објаснува наведеното на бизарен начин е дел од книгата „Вештерките од Иствик“ од американскиот автор Џон Апдајк, објавена во 1984 година. Во приказната три жени добиваат моќи кога заминуваат, или се оставени од своите сопрузи. Некои од нив ги соединуваат моќите за да создадат идеален маж.

Поради наведениот пасус, во јавноста произлегле низа реакции, не само поради употребениот симболизам, туку и поради тоа што науката не го поддржува напишаното - објаснување на уринирањето врз основа на поделбата на полот.

 Авторката Сузан Елизабет Филип рекла: „Кога машките автори пишуваат љубовни приказни, хероината обично завршува мртва“. Пасусот на Апдајк повторно ја иницира дискусијата за тоа на кој начин машките автори ги опишуваат женските ликови. Се дебатира во однос на најчесто сексуалниот опис или пак инфантилниот, што не е случај со описот на машките ликови.

Сестрите Бронте и Мари Ен Еванс (Џорџ Елиот) ги објавувале своите дела под машки имиња, а на Џ.К. Роулинг ѝ било препорачано да ги користи своите иницијали за да се продаваат книгите „Хари Потер“ со цел нејзиното име да биде впечатливо и за машките и за женските.

Вал стрит џурнал“ објавил дека ваквата практика сега е обратна, особено за психолошките трилери, и дека машките автори присвојуваат родово неутрални имиња со кои се претставуваат за да продаваат повеќе книги.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот