X
 29.10.2017 Култура

Анимиран вовед за најмистериозната книга во светот

книга
Фото: Printscreen/YouTube

Најмистериозната книга во светот има 250 страници исполнети со текст и илустрација. Книгата датира од 15 век, а научниците поминале илјадници часови разгледувајќи ја. Заклучиле дека таканаречениот „Војнич ракопис“ има еден квалитет што е поизразен од кој било друг: никој научник не разбира ниту еден збор.

На видеото подолу нараторот ги опишува страниците на „вистински и имагинарни растенија, пловечки замоци, жени што се капат, астролошки дијаграми, зодијачки прстени и сонца и месечини со лица“ - вели Стивен Бакс, професор по модерни јазици и лингвистика на Отворениот универзитет.

„Криптолозите велат дека јазикот во книгата ги има сите карактеристики на еден вистински јазик - единствено што досега никој не го познавал и не го видел.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура