X
 25.07.2017 Живот

Јахтата на Стив Џобс, чие завршување не го дочека, стигна на Бриони

јахта
Фото: Pixsell

Јахтата „Венера“ на Стив Џобс, која вреди околу 120 милиони евра, овие денови започнала да плови околу Бриони.

Сопственик на јахтата е неговата вдовица Лорин Пауел Џобс, која веќе почнала да крстосува со неа по Јадранот, а последниот пат бил пред три години кога ги заобиколила Дубровник и Хвар.

Пауел Џобс и Стив Џобс, кој почина по долгата борба со ракот, биле во брак 20 години. Имаат четири деца, а по смртта на Стив Џобс таа наследила повеќе од 10 милијарди долари од неговиот имот.

Јахтата „Венера“ ја дизајнирал  Филипе Старк, а била изградена во Холандија. Стив Џобс ја нарачал во 2008 година, по кратко време откако му бил дијагностициран ракот, а го избрал Старк бидејќи сметал дека тој е единствениот што може да ја спроведе неговата визија во дело.

2
Фото: Pixsell

Сепак, изградбата на јахтата не поминала без проблем. Јахтата се градела во Холандија, а Старк ја запленил откако го обвинил Џобс дека му должи 3 милиони евра за дизајн, од вкупната сума од 9 милиони евра колку што чинеле услугите на Старк. Поради овој спор и бил откриен хонорарот на Старк, кој дотогаш работел тајно.

Џобс знаел дека нема да ја дочека изградбата на јахтата, но сепак продолжил да ја гради. Таа била завршена една година по неговата смрт.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот