X
 17.05.2017 Технологија

Како се градеше гигантскиот кампус на „Епл“


Градска панорама на зајдисонце
(Фото: Screenshot/Youtube)

Во април годинава требаше свечено да биде отворен новиот кампус на „Епл“, но градежните работи, иако веќе е средината на мај,  сè уште се во тек. Сепак, и недовршениот објект изгледа како импресивно, футуристичко здание. „Епл Парк“ се гради во Купертино, Калифорнија, на местото каде што во 1977 година беше основана компанијата.

Кампусот се простира на неверојатни 280.000 квадратни метри, вреди 5 милијарди долари, а во него ќе работаат 12.000 стручњаци на „Епл“. Снимателот Метју Робертс со дрон сними видео каде детално се прикажува целиот процес на изградба.

„Епл Парк“ беше идеја на Стив Џобс, кој сакал да изгради голем центар посветен на креативноста и колаборацијата, а наместо бетонските зданија кои доминираат во долината на Санта Клара, новиот кампус ќе има многу зелени површини. Главната зграда е во прстенеста форма, па вработените ѝ дадоа соодветен прекар – Spaceship, односно, вселенски брод.

Тим Кук, извршниот директор на „Епл“ го опишува кампусот како место кое Џобс го планирал како центар на иновативноста на идните генерации. Во знак на сеќавање на Џобс и неговиот немерлив придонес во развојот на „Епл“, еден од средишните делови на кампусот, театарот, ќе го носи неговот име: Steve Jobs Theater, кое може да се види на видео снимката.

Театарот ќе може да прими илјада посетители, влезот е стаклен цилиндер со висина од 6 метри, а покривот е направен од јаглеродни влакна. Робертс го снимал видеото со Phantom Pro 3 Dron, а на неговиот „Јутјуб“ канал можат да се погледнат и повеќе снимки од изградбата на „Епл Парк“.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија