X
 28.08.2017 Живот

Лекции за продуктивност од Зукерберг, Гејтс, Бафет

Да се биде продуктивен значи многу повеќе отколку да се седи на биро и да се работи. Со самата работа доаѓа и ризикот од губење на фокусот и концентрирање на погрешни работи во погрешно време. Постои разлика помеѓу ефикасност, ефективност и продуктивност.


Некои од највлијателните луѓе на светот се на врвот токму поради тоа што што ја развиваат, одржуваат и постојано ја зголемуваат својата продуктивност. Звучни имиња како Марк Зукерберг, Бил Гејтс, Ворен Бафет и Сатја Надела се одлични во следните вештини за одржување на продуктивноста:

1. Секоја комуникација да е вредна

Комуникацијата често може и да ја блокира продуктивноста. Посветувањето енергија на погрешно место доведува до изгубено време. Еден од основачите на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, се залага за комуникација преку електронска пошта. Минимизирањето на комуникацијата преку телефон или состаноци ослободува време за концентрирање на многу клучни проблеми и задачи. Со сето тоа имате контрола над сопствениот распоред.

2. Оптимизирајте во секоја можност

Илон Мас се залага за константно преиспитување на сопствената продуктивност. Тој смета дека треба постојано да се прашуваме како можеме да сработиме нешто поефикасно или подобро, а и повеќе во текот на денот. Оптимизирањето на времето и работата исто така е начин на функционирање и на Марк Зукерберг, кој сака да ги поедноставува работите. Тој ги елиминира секојдневните монотони обврски и се концентрира на својата работа. Тој секој ден на работа оди со иста облека, а истото го применуваше и Стив Џобс. Енергијата никогаш не ја трошеле на облека и изглед, туку само на она што е нивна работа и се обидувале да бидат што повеќе продуктивни.

3. Мултитаскинг?

Некои студии покажале дека мозокот се поделува во извршувањето на задачите. Наместо фокусирање на повеќе работи одеднаш, обидете се да ги завршувате задачите една по друга, односно да се посветите со одреден редослед и да ја зголемите продуктивноста. Не трошете ја енергијата на повеќе работи одеднаш, туку концентрирајте се на една специфична задача и завршете ја поефикасно, за потоа да можете да се посветите на друга. Како што вели Сатја Надела од „Мајкрософт“, еден од начините да го сторите тоа е да соработувате со другите.

4. Држете се до една работа и станете одлични во неа

Потрошеното време на целосно совладување на една работа не е залудно потрошено време. Потребно е да се елиминираат сите работи што ви го одвлекуваат вниманието и да се постави фокусот на една цел. Ворен Бафет прави 3 чекори за зголемување на продуктивноста:

-    Чекор 1 – правење листа од 25 цели
-    Чекор 2 – разгледување на листата, одвојување на 5 најважни и креирање нова листа од топ-5
-    Чекор 3 – фокусирање на реализацијата на тие топ-5 цели, а занемарување на останатите додека овие 5 не се исполнат.

Живееме во време кога нема потреба да се иницира некоја акција или конверзација за да се дојде до потребната информација. Голем број апликации и сервиси ни се на дофат, а во развој е и вештачката интелигенција. Имаме можност за користење многубројни алатки и време за да направиме приоритети, а со самото тоа да го насочиме фокусот кон она што ни е важно и со сите можни алатки за работи, тоа и да го оствариме.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот