Миризливи перници, прекрасна соба со поглед, мермерни бањи со меки крпи, луксузни спа-центри, масажи и базен што се „влева“ во морето. Не звучи како нешто што треба да биде патување со низок буџет, туку како патување поради кое треба да ја испразните банкарската сметка.
Но, новинарката Рена Бехар од „Бизнис инсајдер“ открива како да патувате со малку пари, а сепак да доживеете луксуз. Таа посетила 18 земји во светот со дневен лимит од 50 долари. Осум месеци патувала со лимитиран буџет и никако не сакала да дозволи поради тоа да не види и да не доживее сѐ што треба. Еве што советуваа таа.
Фото: Profimedia
1. Паметно спакувајте се
Временските услови во 18 земји се различни кога станува збор за пакувањето. Рене и нејзиното момче се обиделе да го „фатат“ летото за да не мора да носат различна облека бидејќи и двајцата носеле само ранци. Ги менувале локациите кога во земјите што ги посетувале станувало ладно.
Дополнителниот куфер може да ви го потроши целиот дневен буџет за само 10 минути, напоменува новинарката, па подобро е да го намалите колку што можете. Исто така, некои работи би можеле да бидат поевтини на вашите дестинации, но шопингот за време на патувањето ви ги троши и времето и енергијата.
2. Запознајте се со бројките
На банкомат во Тајланд, Рена зела 1.000 долари наместо 100 долари, колку што планирала. Затоа, потребно е да се запознаете со валутите пред патувањето, да си земете картичка што нема да ви зема многу провизија и да внимавате колку пари подигнувате од банкоматот. Добро би било да користите апликација за следење на трошоците за точно да знаете колку пари имате во буџетот.
3. Останете подолго
Во секој град Рена останувала три-четири ноќи, а сега вели дека ѝ е жал што не останала подолго.
- Најдобриот начин за заштеда на трошоци за багаж и патување е воопшто да не патувате со авион - вели новинарката.
Патните трошоци секогаш ќе бидат највисоки - една карта за траект во Тајланд ја чинела повеќе од три дена ноќевање. Тешко е да одолеете и да не ги посетите локациите во близина, но фокусирајте се на помали градови бидејќи ќе ви заштедат пари.
4. Намалете со пијалакот
Само што сте го запознале најдобриот пријател, вашата сродна душа или најубавото човечко суштество што некогаш сте го виделе. Секако, со една-две пијачки што веќе ви се во рамките на буџетот. Но, пет пијачки, хамбургер, такси до хотелот во никој случај не се во рамките на буџетот.
5. Екстравагантните делови испланирајте ги однапред
Рена отсекогаш сакала да го види Големиот корален гребен во Австралија, па однапред ја платила картата за брод што ќе ги однесе таму. Не било евтино, но не платила на самото место, каде што сигурно би било многу поскапо.
6. Хотелот не е важен
Освен ако вашата цел е да престојувате во луксузен хотел каде што сакате да уживате во базени и огромни кревети, во друг случај не е важно каде спиете. Бидејќи и онака таму само спиете. Рене и нејзиното момче повеќето сместувања ги нашле преку „Booking.com“, престојувале во најевтини хостели.
7. Сѐ е во балансирањето
Ако сакате да патувате со ограничен буџет, а реално мал број
луѓе можат да си дозволат патување без воопшто да размислуваат за пари, мора да бидете подготвени на компромиси. Пред поаѓањето треба да одлучите на што ќе потрошите повеќе, а на што помалку.