Доколку сте го гледале филмот „
Прекрасен ум“ (A beautiful mind), знаете кој е Џон Неш. Тој е математичар и нобеловец кој страдал од параноична шизофренија. Неш користел повеќе методи за да се бори со шизофренијата во текот на неговиот живот. Тие му помогнале да го задржи и да го искористи својот талент за математика.
Тони Евинг бил негов студент и сведочел на трансформацијата на својот професор од нестабилен лик во способен и дружељубив професор. Врз основа на дискусии на семинар со Неш, Евинг заклучил дека професорот користел најмалку 3 методи за ментално зајакнување кои му помогнале во неговата трансформација.
Тој знаел дека не е во право за сè
Интелектуалната скромност сега се проучува од страна на научниците. Интелектуално скромната личност сфаќа дека нејзиното мислење можеби ќе се смени доколку се добијат нови информации или податоци.
Фото: Џон Неш/Wikipedia
Неш отворено зборувал дека сфаќањето дека можеби не е во право било важно за неговата ментална болест, но и му помогнало повеќе да ги цени своите пријатели и сопругата.
Научните истражувања покажуваат дека интелектуалната скромност директно се поврзува со поголем финансиски и професионален успех, поголема способност за водење и благосостојба.
Тој не верувал целосно во своето размислување
Директен нуспроизвод на интелектуалната скромност е одбегнувањето на тенденцијата да им се верува на сопствените мисли и заклучоци. Тоа значи дека не треба да се мешаат сопствените ставови и чувства со факти и вистински податоци.
Когнитивната пристрасност може да направи да веруваме дека нашите претпоставки се вистински податоци или факти. Ваквиот начин на размислување може да влијае врз нашиот поглед кон реалноста и да го обликува нашето размислување.
Фото: Wikipedia
Неш интуитивно го сфаќал ова. Во борбата со болеста тој свесно ги одбивал идеите сè додека не ги истражил и не се консултирал со другите.
Тој не се плашел да слуша туѓи мислења засновани на факти
Неш ги почитувал мислењата на другите, дури и на студентите кои знаеле многу помалку од него. Тој им велел на студентите дека се надева дека ќе научи нешто од нив. Разбирал дека менталната цврстина е социјален потфат.
Тактиките за ментална цврстина на Неш не се замена за докажани психијатриски методи. Но тие дефинитивно покажуваат како функционирал „прекрасниот ум“ на Џон Неш.
Автор: Тони Евинг
Извор:
forbes.com