X
 04.09.2017 Образование

Лазаров: Неоспорен е нашиот талент за спорт како Македонци, ќе се обидеме да го искористиме максимално

Лазаров: Неоспорен е нашиот талент за спорт како Македонци, ќе се обидеме да го искористиме максимално. Време, трпение и подршка ќе ми биде потребна но ќе работиме стратегиски целно и уникатно.



По успешно организирано трето издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, капитенот на националниот тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров, со почетокот на школската година го стартуваше проектот „школа за ракомет“ низ целата држава.

Идејата за отварање на школата и претходно ја најави Лазаров и е насочена да му овозможи на секое дете во Македонија, без разлика дали живее во урбана или рурална средина да има можност да тренира ракомет и да се занимава со спортски активности, а како крајна цел формирање врвни спортисти и личности.

- „Сакам да ви соопштам дека со почетокот на школската година јас и мојот тим почнуваме со нов проект наречен „ракометна школа“ во повеќе градови низ нашата држава.

Мојот ракометен камп оваа година го имаше третото издание и од година во година се надрадува и можам слободно да кажам дека успеавме да направиме препознатлив бранд во кој што јас како носител на идеата заедно со мојот тим сме посебно задоволни и горди од зацртаното и оствареното.

Меѓутоа, работејќи и создавајќи го тој проект се појави потреба за нов прокет кој што сакаме да го реализираме, а тоа е да бидеме присутни и да работиме квалитетно со македонските деца во текот на 365 дена во годината.

Секој почеток е тежок но предизвикот е голем. Се работи за иднината на нашите деца и нивно правилно насочување во животот од најмали нозе, а како крајна цел нивното изградување не само како спортисти туку и како личности.

Неоспорен е нашиот талент за спорт како Македонци, ќе се обидеме да го искористиме максимално. Време, трпение и подршка ќе ми биде потребна но ќе работиме стратегиски целно и уникатно.

Не сакаме да бидеме никому конкуренција нити да се споредуваме,сакаме да соработуваме со сите со заедничка цел за напредок на спортот и ракометот во Македонија од најрана возраст.

Сите информации ќе ги добивате на нашата официјална фејзбук страна Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“ (https://www.facebook.com/handballKL7/) и во директен контакт со нашите тренери во кои имам потполна доверба.

Се гледаме во сала!!!“ – Кирил Лазаров, носител на проектот Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование