X
 05.03.2018 Живот

Пријавувањата за четвртиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ се затворени



Огромниот интерес од страна на децата како од Македонија така и од странство за неполни 30 дена ја потполни бројката на учесници во двете смени. Сите оние кои се пријавени ги известуваме да се водат според условите кои им се пренесени од страна на организаторот КМГ Спорт.

Ракометниот камп на капитенот Кирил Лазаров стартуваше во летото 2015-та, а оваа година ќе се одржи по четврти пат во прекрасниот Охрид, покрај брегот на Охридското езеро во две смени од 20 Јуни - 02 Јули со вкупно 300 учесници од Македонија и странство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот