X
 30.09.2017 Живот

Книга за медицинска употреба на растенија стара 1.000 години сега достапна онлајн

Цели индустрии се во пораст за да обезбедат повеќе алтернативни или природни варијанти на лекови, во кои најмногу се вклучени растенијата. Постојат голем број книги во кои се објаснува нивното користење како третман за одредени болести.

фото извор: openculture.com

Ваквите книги имаат долга традиција, односно се пишувале уште пред да постои модерната медицина. Британската библиотека неодамна презентирала дигитализирана верзија на ракопис стар 1.000 години – книга позната како „Cotton MS Vitellius C III“. Книгата е единствената што останала зачувана, а во која се опишуваат растенијата и нивната соодветна употреба.

Текстовите зборуваат за тоа кое растение треба да се користи за одредена болест и инструкции за пронаоѓање на истото и подготвување на лекот. Книгата му се припишува на писател од 4 век под псевдонимот Апулеиус, а сега тоа име се препознава како збир од неколку различни автори од доцната антика.

Книгата можете да ја погледнете онлајн на веб-страницата од Британската библиотека. Иако лековите што се користеле тогаш можеби никогаш не биле целосно ефикасни, илустрациите, описите и самите идеи за третманите се навистина интересни, дури и еден милениум подоцна.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот