X
 21.07.2015 Наука

Кажете им збогум на иглите при вакцинацијата

Децата ги мразат, а докторите не сакаат да ги користат поради реакциите на пациентите, но тие се неизбежни, или барем беа досега. На стравот од иглите можете да му кажете збогум бидејќи тие наскоро може да станат нешто од минатото.


Тим истражувачи од Јапонија откриле алтернативен начин за вакцинација на телото без употреба на игли. Во истражувањето објавено месецов во „Биоматеријали“, научниците од Универзитетот во Осака ги опишуваат своите успешни експерименти со новиот метод за вакцинација користејќи мали, биоразградливи микроигли направени од супстанца која се наоѓа во зглобовите на телот.

Овие микроигли се наоѓаат на материјал кој се лепи на раката на пациентот, додека малите иглички влегуваат во кожата. Самите игли се разградуваат од влажноста на кожата, па затоа не се чувствува никаква болка. Нанесувањето на овие иглички е многу лесно, што методот го прави совршен.

Во истражувањето се работело со вакцини против грип, но научниците сметаат дека истите ќе бидат ефикасни и за сите останати вакцини.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука