X
 22.10.2017 Култура

Приказната на директорот што исплаќаше „минималец“ од 70.000 долари – две години подоцна


Директорот кој исплаќаше минималец од 70.000 долари
(Фото: Youtube Printscreen)


Ден Прајс, директор на компанијата „Гревити“ (Gravity) на „Линкдин“ ја сподели својата приказна за експериментот со зголемувањето, односно со изедначувањето на платите. Пренесуваме делови од тој текст, потсетувајќи како почна сè:

„Во април 2015 година, објавив дека секој вработен во мојата компанија Гревити пејментс ќе има плата минимум 70.000 долари. Ваквата одлука брзо се најде на насловните страници на медиумите, и сите побрзаа, иако никогаш не чуле за Гревити, со предвидувањата дали тоа ќе придонесе за успех или за крах на компанијата. Постојат и такви кои се прашуваа дали компанијата ќе може да си дозволи такви покачувања на платата.

Денес, две и пол години подоцна, можам да кажам дека резултатите, иако позитивни, донесоа и многу непредвидени предизвици. Најголемиот недостаток на одлуката за минималец од 70.000 долари е тоа што предизвика големо недоразбирање околу тоа каква копманија сме ние. Нашата цел беше да овозможиме финансиски услуги кои ќе им помагаат на независните бизниси, чии профити најчесто ги јадат провизиите на големите банки и другите даватели на услуги. Нашата најголема сила како компанија беше страсниот пристап, и заради тоа луѓето сакаат да работат за нас.

Но, заради цела таа медиумска збрка, станавме познати како компанијата 70.000 долари. Ваквото именување имаше негативно влијание врз нашата компанија – ги збунуваше потенцијалните клиенти и фрлаше сенка врз нашата посветеност за застапување на независни бизниси. Моравме да потрошиме голема количина енергија за да ги разбиеме заблудите за тоа што всушност значи Гревити пејментс.

Од  друга страна, вработените веќе искусија подобар животен квалитет, и можеа да прават работи кои не можеа да си ги дозволат заради финансиската ситуација. Се случи и бејби-бум во компанијата. После објавата за плати од 70.000 долари, дури 13 проценти од вработените добија дете... Голем број членови на Гревити купија куќи, а некои се припадници на помладата генерација.

Сè на сè, не можам да бидам погорд на промените што се вкоренија во компанијата. Не знаеме што ни носи утрешнината, но сè додека им помагаме на нашите луѓе да градат подобра иднина за себе и своите семејства, и додека создаваме опкружување во кое луѓето се чувствуваат безбедни и згрижени, убеден сум дека можеме да се справиме со секој преизвик што ќе ни застане на патот“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура