X
 14.11.2017 Култура

Кина отвори библиотека со 1,2 милион книги и со дизајн што ќе ви го одземе здивот

кина
Фото: MVRDV

Никој не сака да го гледаат додека чита книга, меѓутоа, подготвени сме да направиме исклучок ако тоа значи дека ќе можеме да ја посетиме оваа нова библиотека во Кина. Библиотеката има неверојатна структура и гигантски сферичен аудиториум во средината што изгледа како огромно око.

Библиотеката се наоѓа во Бинхајскиот културен округ во Тијанџин и има пет ката, дизајнирани од холандската фирма МВРДВ во соработка со урбанистичко-планирачкиот институт во Тијанџин.

Библиотеката наречена и „Окото на Бинаи“ се протега на 34.0000 квадратни метри и има капацитет за 1,2 милион книги. Биле потребни 3 години за да се заврши целата изградба, а таа располага со дел за читање што се наоѓа на приземјето, салон и канцеларии во средниот дел и простории за состаноци и компјутерски/аудиособи најгоре.

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура