X
 15.01.2021 Технологија

Виртуелен истражувач на библиотека - ја враќа возбудата на пребарување книги по полиците

И покрај дигитализацијата, библиотеките остануваат важна локална институција низ градовите. За време на пандемијата на многумина им недостигаше лежерното талкање низ локалните библиотеки и разгледување на книгите на полиците.

Иако не може сосема да го замени шумот од кориците на книгите и мирисот што се шири во библиотеката, веб-страницата „Интернет архив“ работи на тоа да ја врати возбудата кај читателите кога разгледуваат низ полиците од библиотеките, но овој пат од безбедноста на нивниот дом. Нивниот библиотекарски истражувач им овозможува на корисниците да прелистуваат низ 3Д-полиците според темата, возраста, датумот и другите критериуми за сортирање. Иако можете едноставно да го побарате насловот што ви треба, магијата на полиците во библиотеката, вистинската и виртуелната, открива нови книги.

Секоја 3Д-полица е полна со наслови што се организирани по теми како „цртање“, „германска литература“ и „историјата во Европа“. Секоја од овие категории има стрелки за прелистување. Виртуелната библиотека може да се приспособи дури и според вашиот вкус. Исто така, може да изберете поставка „малолетник“ доколку сакате да ги запознаете вашите деца со виртуелната библиотека.

 А можете да ја искористите и поставката „Случајна книга“. Со едно кликнување виртуелната библиотека ќе ви претстави книга што веројатно никогаш не сте ја прочитале.

Онлајн-книгите на оваа виртуелна библиотека се достапни во различно времетраење. Некои можете да ги гледате колку сакате, додека други можете да ги разгледате за еден час. Едноставно креирајте профил и почнете да зачувувате книги што би сакале да ги прочитате. Вашиот профил ќе ги следи вашите позајмувања и читања.

Библиотеката можете да ја посетите ТУКА.

книга

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/Library Explorer
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија