X
 22.11.2017 Култура

Агенцијата за филм распиша нов конкурс за финансирање проекти, откако го поништи тој од февруари

Откако пред две недели го поништи стариот конкурс, Агенцијата за филм денеска распиша нов конкурс за финансирање проекти за производство на долгометражен и краткометражен филм, документарн и анимиран филм за 2017 година. Продуцентите можат да аплицираат до 7 декември, а сумите што ќе може да ги добијат се истите што се нудеa и на претходниот конкурс. 

Сцена од „Ослободување на Скопје“

Конкурсот што беше распишан во февруари од претходната директорка на Агенцијата, Мими Ѓоргоска-Илиевска, актуелниот в.д директор Горјан Тозија го поништи, поради неколку нерегуларности. Според одлуката за поништување, конкурсот законски требало да се распише во јануари, а тоа било направено во февруари. И со оглед на тоа дека обврска на Агенцијата е да одлучува два пати годишно по конкурсот за поддршка за филм (април и октомври), во април не била донесена одлука за проектите, стои во одлуката за поништување.

- На учесниците на конкурсот им е спречено правото доколку проектот им бил одбиен во првиот рок на одлучување, да достават нова пријава за филмскиот проект во вториот рок на одлулување – стои, меѓу другото, во одлуката на Агенцијата за филм.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура