Да се биде теоретичар на заговор дека Земјата е рамна, е специјален вид игноранција и посветеност. Потребно е да го игнорирате фактот кој е научно прифатен како вистина, стотици години, и да дебатирате стотици аргументи кои докажуваат дека теоријата е лажна.
фото извор: Getty Images/Indy100
Исто така, треба да понудите сопствено објаснување за, на пример, изумирањето на диносаурусите.
Треба и да ги омаловажите на некој начин фотографиите на НАСА од Земјата и да докажете дека се лажни, да го објасните „Кориолис“ ефектот, ротацијата на ѕвездите во различни хемисфери.
Милијардерот од „Тесла“ и „Спејс екс“, Илон Маск, е најновата муза за феноменот. Маск поставил објава на „
Твитер“ за изгрејсонцето и зајдисонцето на Марс, а потоа прашал зошто нема заедница што смета дека и Марс е рамен?
фото извор: Twitter
Можеби бидејќи од Земјата може да се набљудува и да се увиди дека Марс е сферичен, додека поддржувачите на теоријата дека Земјата е рамна не ја виделе сферичната Земја од вселената.
фотоизвор: Twitter