X
 19.07.2015 Наука

Денес покрај Земјата поминува астероид вреден 5 милијарди долари


Денес покрај Земјата ќе помине астероид за кој се верува дека содржи до 90 милиони тони платина и други ретки материјали. Астероидот ќе помине покрај нас на оддалеченост од 2,4 милиони километри, што е 30 пати поблиску до Земјата отколку било која друга планета во Сончевиот систем.

Научниците биле заинтересирани во составот на астероидот поради големиот интерес за искористување на ретките материјали од астероидите. Според проценките, овој астероид вреди дури 5,4 милијарди долари. За жал, луѓето нема да може да го видат астероидот со голо око додека истиот поминува покрај нашата планета.



Обзерваторијата „Slooh“ нуди пренос во живо од неговото движење, што може да го следите на интернет.

Истовремено, Групата за планетарни извори во САД собира ентузијасти кои се заинтересирани за минирање астероиди. Тие ќе бидат финансиски поддржани од Ерик Шмит и Лари Пејџ од „Гугл“, но и од британскиот милијардер Ричард Брансон.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука