X
 03.12.2017 Наука

Со помош на науката сега можете да научите нови вештини - двапати побрзо!

способност
Фото: Shutterstock

Клучот за учење на нова моторна вештина - како што е свирење на пијано или усовршување на нов спорт - не се часовите што ги поминувате вежбајќи, туку начинот на кој вежбате, вели истражување од 2016 година.

Научниците откриле дека со суптилното менување на вашиот тренинг, можете да го одржувате вашиот мозок поактивен во текот на процесот на учење.

Истражувањето оди против старата претпоставка дека со само едноставно повторување на моторните вештини, повторно и повторно е најдобриот начин за совладување - на пример, вежбање на пијано или играње на истото ниво на игра повторно и повторно. Наместо тоа, научниците откриле дека постои побрз (и попријатен) начин за подобрување на вештините.

„Она што го пронајдовме е дека ако практикувате модифицирана верзија на задачата што сакате да ја совладате, всушност можете да научите повеќе и побрзо отколку едноставно да ја практикувате истата работа повеќе пати по ред“, вели водечкиот истражувач Пабло Челник од Универзитетот Џонс Хопкинс

Истражувачите го откриле ова преку анализирање на 86 волонтери кои требало да научат нова вештина - поместување на стрелката на компјутерскиот екран со стегање на мал уред, наместо користење компјутерско глувче. Волонтерите биле поделени во три групи, а секој од нив поминал 45 минути вежбајќи го ова.

Еден час подоцна, од една од групите било побарано да ја повторат истата вежба, додека друга група изведувала малку поинаква верзија во која се барала различна сила на притискање за движење на стрелката. Третата група само ја завршила првата тренинг сесија, за да може да биде контролна група.

На крајот од обуката, сите биле тестирани за тоа колку точно и брзо можат да ја изведат новата вештина, и очекувано, контролната група имала најлоши резултати.

Но изненадување било тоа што групата што неколку пати го повторила тестот, имала полоши резултати, за разлика од групата што правела мешани вежби.

Зошто е тоа така?

Истражувачите веруваат дека тоа се должи на нешто што се нарекува реконсолидација - процес во кој постоечките сеќавања се отповикуваат и се менуваат со новото знаење. Долго време се претпоставувало дека реконсолидацијата може да помогне во зајакнувањето на моторните вештини, но ова е еден од првите експерименти за тестирање на хипотезата.

„Нашите резултати бидејќи малку се знаеше за тоа како функционира реконсолидацијата во врска со развојот на моторните вештини. Ова покажува колку едноставните манипулации за време на тренингот можат да доведат до побрзи и поголеми придобивки кога станува збор за моторните вештини поради реконсолидацијата“, вели Челник.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука