X
 31.01.2018 Живот

Не сте во брак, а живеете во Данска? Тогаш за вашиот роденден подгответе се за ова!

данска
Фото: Egil Cebrero

Ако сè уште имате 25 години и сте слободни и живеете во Данска, очекувајте некој да ви фрли цимет или друг зачин на вашиот роденден.

„Штом ја отворив вратата, помирисав цимет. Ова не е необично во рурална Данска, со оглед на тоа што на секој чекор се продаваат колачиња со цимет. Но денес, аромата на цимет е особено силна.

Шетајќи по улица, зачинот почнува да ги боде моите ноздри. „Што се случува?“ - се прашувам, обидувајќи се да се сетам дали денес е некаков државен празник или „национален изговор за торта“. Сфаќам дека е четврток, нормален ден. Сепак, тротоарот е цел со цимет. Му го споменувам ова на мојот дански пријател, а тој ме погледна како да сум идиот.

„Не го правите тоа во Велика Британија?“ - ме праша тој.

„Што, да се бориме со состојки за печење по улици? Не, не баш...“

„Дури ни за вашите родендени?“

Јас го погледнувам чудно. „Преферираме да ги измешаме состојките и да приготвиме нешто“, објаснувам, прашувајќи се дали мојот пријател пиел.

„Многу одамна данските трговци на зачини биле толку зафатени со продажба, што имале малку време за љубовни врски“, ми раскажува мојот пријател.

Оттогаш, младите невенчани Данци се исмејуваат поради нивниот живот како слободни личности со тоа што врз нив се фрлаат зачини на важните родендени. Слободниот маж се нарекува „Пеберсвенд“, додека слободната девојка се нарекува „Пебермо“.

It is Danish tradition to pour cinnamon over a person at his/her 25th birthday if they havn't been married yet.
Кога ќе наполните 25 години, вие сте „зациметени“. „Моите пријатели ми фрлија цимет од моментот кога се пробудив. Се обидов да се истуширам, меѓутоа, секојпат кога ќе излезев од тушот, тие повторно ме напаѓаа. Излегов надвор, а тие ме врзаа за бандера, ми ставија очила за пливање и повторно врз мене истурија цимет. А кога ќе наполниш 30 години, тогаш нападите се ’надградени‘, па ти фрлаат бибер. Ми истурија вода, а потоа бибер, за да се залепи. Од глава до петици. Понекогаш се користат јајца“, раскажува мојот дански пријател.

„Дополнително, ако сте не сте во брак на 30 години, очекувајте да добиете барем една мелница за пипер како подарок. Освен тоа, вашите пријатели градат голема скулптура на мелница за пипер за вас, како дел од традицијата“, продолжува тој.

Данците се познати по нивната либералност кога станува збор за животниот стил и статусот на една личност, така што ритуалите околу тоа дали сте или не сте во брак се обележуваат поради носталгија. Никој не е осуден затоа што не е во брак на 25, дури ни на 30 години.

„Значи целта не е да те казнат затоа што не си во брак, туку ова е уште еден изговор да се забавувате?“, го прашав јас.

„Па, може да се каже. Фрламе зачини, а потоа пиеме. Дали споменав дека пиеме?“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот