X
 16.05.2023 Живот

Серија потреси во Данска ги збунија научниците: не се предизвикани ниту од земјотрес ниту од контролирана експлозија

Серија помали потреси на данскиот балтички остров Борнхолм во саботата ги збунија научниците, кои велат дека биле предизвикани од бранови на акустичен притисок од непознат извор.

Најпрво научниците мислеле дека потресите се предизвикани од земјотреси. Сеизмолозите тогаш поставиле теорија дека земјотресите биле предизвикани од контролирани експлозии во Полска, 140 километри јужно.

Геолошкиот институт на Данска и Гренланд (GEUS) соопшти дека потресите не биле предизвикани од земјотреси, туку од бранови под притисок поради активност во атмосферата. Институтот изјави дека овие бранови дошле од непознат извор.

- Сеизмолозите веруваат дека е мала веројатноста земјотресите да потекнуваат од контролирана експлозија во Полска, која беше изведена непосредно пред првите извештаи за потреси во Борнхолм - истакнува GEUS.

GEUS соопшти дека добил повеќе од 60 извештаи од луѓе во Борнхолм дека потреси слични на земјотрес, опишани како длабок татнеж и тресење, како и промена на притисокот на ушите, биле регистрирани во саботата попладне.

Полицијата соопшти дека граѓаните ја информирале полицијата за земјотресите во источниот дел на островот, а потресите предизвикале и пукнатини на ѕидот на една куќа.

GEUS објави дека сеизмичките потреси биле со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.

На Борнхолм живеат речиси 40.000 луѓе. Станува збор за карпест остров во Балтичкото Море, кој се наоѓа јужно од Шведска, североисточно од Германија и северно од Полска.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот