X
 13.02.2018 Култура

Абрахам Линколн: „Да не судиме за да не ни судат и нам.“


Абрахам Линколн, споменик
(Фото: Pixabay)


Абрахам Линколн (Кентаки, 12  февруари 1809 – Вашингтон, 15 април 1865) бил шеснаесеттиот претседател на САД.

Роден бил во сиромашно семејство, а во младоста добил дозвола да се занимава со адвокатура во државата Илиноис, иако немал завршено ни основно училиште. Почнал да се занимава со политика во 1832 година, а во 1856 година ѝ се приклучил на Републиканската партија, основана со цел да се спротивстави на ширењето на ропството меѓу новоприклучените држави на САД.

Во 1860 година неговиот избор за претседател на САД ги поттикна јужните робовладетелски држави да почнат постапка за отцепување и создавање конфедеративни американски држави. Владата на Линколн во Вашингтон не ја призна новосоздадената конфедерација, по што во пролетта 1861 година почнала американската Граѓанска војна.

Иако не се прославил како талентиран воен водач, Линколн сепак имал клучна улога во победата на Унијата. Тој во 1862 година донел проглас за укинување на ропството, со што Унијата ги стекнала симпатиите на светската јавност. Неговиот мандат е значаен по низа реформи што ги зајакнале позициите на федералната власт за сметка на федералните држави.

Неколку месеци по добивањето на вториот претседателски мандат на изборите во 1864 година, Конфедерацијата била присилена на капитулација, со што војната била завршена со победа на Унијата. Неколку дена подоцна, на 15 април 1865 година, Линколн бил убиен во театар како жртва на фанатичниот актер од Југот, Џон Вилкис Бут.

Еве неколку мудрости искажани од Линколн:

„Пријател е оној што ги има истите непријатели како тебе.“

„Сè што сум или се надевам дека ќе бидам му го должам на својот ангел – мајка ми.“

„Жената е единствената работа од која се плашам, а за која знам дека нема да ме повреди.“

„Секогаш имај на ум дека твојата сопствена одлучност да успееш е далеку поважна од чија било друга одлучност.“

„Америка никогаш нема да ја уништи некој однадвор. Доколку пропаднеме и ги изгубиме нашите слободи, тоа ќе биде само затоа што веќе сме се уништиле самите себе.“

„Зарем не ги уништувам своите непријатели претворајќи ги во мои пријатели?“

„Како што не би бил роб, така не би бил ниту господар. Тоа е мојата визија за демократија.“

„Избегнувај ја популарноста доколку сакаш да имаш мир.“

„Луѓето со обичен изглед се најдобри на светот. Затоа и Бог ги создал во толку голем број.“

„Подобро да молчиш и да те сметаат за будала отколку да проговориш и така да го тргнеш секој сомнеж за тоа.“

„Сите сакаат да живеат долго, но никој не сака да биде старец.“

„Не грижи се ако не те препознале, но стреми се кон тоа да заслужиш препознавање.“

„Што и да сте, бидете добри во тоа“.

„Да не судиме за да не ни судат и нам.“

„Не знам кој бил мојот дедо. Повеќе ме загрижува што ќе биде неговиот внук.“

„Владеење на народот, од народот и за народот.“

„Секому му годи комплиментот.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура