X
 01.08.2019 Економија

Полска го укинува данокот на доход за млади

Поради големиот број на луѓе, особено млади, кои се иселуваат од земјата, полските власти одлучија со промени во даночната политика да ги мотивираат да останат.

Во текот на оваа недела ќе започне примената на закон со кој ќе се укине данокот на доход за околу два милиони млади работници. На овој начин властите се обидуваат да го запрат масовното иселување на младите, кое започна пред 15 години, кога оваа земја влезе во ЕУ.

Премиерот Матеуш Моравицки тврди дека овој потег ќе создаде нови шанси за младите кои ќе бидат слични како оние кои сега им се достапни на Запад.

Полјаците помлади од 26 години кои заработуваат повеќе од 22.500 долари годишно, од први август оваа година ќе бидат ослободени од данок на доход, кој изнесува 18 отсто. Просечната полска плата е нешто пониска од 15.700 долари годишно.

Премиерот потсети дека оваа централноевропска земја во изминатите 15 години ја напуштиле 1,7 милион жители, што е еднакво на цела Варшава.

-Ова мора да заврши, младите мора да останат во Полска - рече Матеуш.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија