Студија во која биле опфатени повеќе стотици жени покажала дека оние трудници што биле повеќе изложени на зрачење од мобилните телефони, безжичните мрежи и далноводи имале трипати повеќе спонтани абортуси.
фотоизвор: irishmiror.ie
Оваа студија не утврдила дефинитивно што ги предизвикува спонтаните абортуси, но укажала дека влијанието на електромагнетните зрачења врз бременоста мора сериозно да се испита бидејќи сите се изложени на такво нешто, но доколку тоа има штетен ефект, мора нешто да се преземе, сметаат експертите.
Научниците ги опремиле трудниците со мерачи на електромагнетно зрачење, кои ги носеле 24 часа. Резултатите биле загрижувачки. Додека меѓу трудниците што биле изложени на најмала количина на зрачење стапката на спонтани абортуси била 10,4%, кај другите трудници зачестеноста на спонтани абортуси била дури 24,2%.
Кога научниците ги исклучиле контролните фактори што можат да предизвикаат спонтан абортус – мачнина и повраќање, историја на претходни абортуси, употреба на алкохол, кофеин, вируси и инфекции – утврдиле дека ризикот од спонтан абортус кај жените најизложени на електромагнетни зрачења, без разлика на нивната раса и ниво на образование, бил дури за 2,72 пати поголем.
Иако електромагнетните зрачења денес се многу присутни, нивната опасност за здравјето е прилично слабо анализирана. Најмногу истражувања се спроведени за
зрачењето и појавата на канцерот. Ова
истражување укажало дека електромагнетните зраци дефинитивно штетат на бременоста, но не открива кои извори колку се опасни. Потребно е да се анализира колку мобилните телефони и другите домашни апарати навистина имаат влијание, секој посебно.
Производителите на мобилни телефони упорно се спротивставуваат на обидите нивните уреди да бидат обележани со предупредувања, тврдејќи дека ризикот не е докажан. Меѓутоа, експертите советуваат телефоните да не се држат во џеб, како и да не бидат блиску до креветот додека спиеме.