X
 28.02.2018 Технологија

„Мајкрософт“ предвидува дека наскоро секој ќе има свое дигитално „второ јас“

Нова книга напишана од двајца индустриски титани предвидува дека во блиска иднина секој ќе има свое дигитално „алтер его“. Книгата „Компјутеризирана иднина“ е дело на претседателот на „Мајкрософт“, Бред Смит, и истражувачот Хери Шум. Во книгата двајцата аргументираат околу фактот дека компаниите треба да ја присвојат вештачката интелигенција ако сакаат да бидат успешни во иднина, односно да се осигурат дека вештачката интелигенција ќе го достигне својот целосен потенцијал.

фотоизвор: bigthink.com

Едно од нивните најголеми предвидувања е дека во следните 20 години луѓето ќе имаат и своја дигитална верзија, не како сегашните асистенти Сири, Алекса и слични, туку „второ јас“ или свое „алтер его – асистенти кои ќе ги контролираат сите аспекти на нашиот живот и ќе знаат сè за нас.

Авторите предлагаат дека кога една вештачката интелигенција ќе биде блиску до процесот да носи одлуки и да презема одговорности, истражувачите ќе треба да го водат тој процес за вештачката интелигенција да биде на некој начин хуманизирана, односно да размислува како човекот. Технолошките компании може да помогнат во креирањето на алатките, но како општеството ќе ги користи, треба да биде дел од поголема дебата.

Од „Мајкрософт“ не споделуваат многу детали во врска со овие планови, но други лица од индустријата имаат некои идеи. На пример, онаа дека комуникацијата со таков асистент би требало да се одвива во главата на индивидуата, а не наглас. Илон Маск веќе работи на таква иднина, обидувајќи се да креира мозок-компјутер интерфејс.

Се очекува „второто јас“ базирано на вештачка интелигенција да го направи човекот попаметен, да следи каде треба да оди, со кого треба да се види, да нарачува продукти врз основа на она што го мисли индивидуата и да обезбедува информации веднаш, како и пресметки и одлуки што треба да се донесат.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија