X
 28.02.2018 Наука

Руски научник ја стави главата во акцелератор на честички и преживеа

Акцелератор на честички е машина која придвижува електризирани честички речиси со брзина на светлината. Машината е смислена во 30-тите години, а се користела за да се изучува физиката на честичките, па довела до револуционерни откритија како, на пример, честичката „Хигс босон“. Но, што би се случило ако влезете во тој акцелератор? Токму тоа го сторил Анатоли Бугорски.

фотоизвор: survivor-story.com

Во 80-тите години тој бил научник во Институтот за физика за висока енергија во Русија. На 13 јули 1978 година ја ставил својата глава во акцелераторот на честички „Синхротрон“ за да провери дел од опремата што не функционирал правилно. Во истиот момент безбедносниот механизам се срушил и испуштил зрак од протони токму врз неговата глава. Не почувствувал болка, но изјавил дека видел светлина посилна од илјадници Сонца. Зракот влегол низ задниот дел од неговата глава и излегол низ носот. Потоа, неговата лева страна од лицето отекла и тој бил однесен во болница. Многумина верувале дека ќе биде мртов за неколку дена, но не било така.

Никој дотогаш не искусил радијација во форма на протонски зрак, движејќи се речиси со брзина на светлината. Бугорски сè уште е жив и има 75 години. Зракот изгорел дел низ неговиот череп и мозочното ткиво, а исто така го изгубил и слухот на левото уво. Речиси целата лева страна од лицето му е парализирана, а често доживува и напади.

За некој што искусил вакво нешто, исходот би можел да биде доста различен и трагичен. Сепак, Бугорски успеал да го заврши и својот докторат по инцидентот. Навистина импресивна приказна на рускиот научник.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука