X
 12.05.2023 Наука

Астрономите првпат виделе како ѕвезда проголтува планета

Астрономите првпат виделе како ѕвезда проголтува планета.

Ова се случило на оддалеченост од 12.000 светлосни години од Земјата, во галаксијата Млечен Пат, во близина на соѕвездието Аквила.

Истражувачите набљудувале ѕвезди непосредно пред или откако ќе бидат проголтани од планетите, но никогаш претходно не успеале да бидат сведоци на самиот чин.

Се верува дека повеќето планети го дочекуваат својот крај кога нивната ѕвезда-домаќин ќе остане без енергија.

Истражувачи од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), Универзитетот „Харвард“ и Технолошкиот институт во Калифорнија сосема случајно дошле до ова откритие за време на ново истражување.

Прво, забележале ѕвезда која станала 100 пати поголема во период од 10 дена. Преку дополнителни набљудувања, научниците забележале дека проголтаната планета е гасен џин со слична маса на Јупитер. Бидејќи била блиску до сопствената ѕвезда, ја завршила својата орбита за само еден ден.

Ѕвездата, која е доста слична на Сонцето, ја проголтала планетата во период од околу 100 дена, почнувајќи со „грицкање“ на нејзините рабови, што предизвикало исфрлање на прашината.

До експлозија дошло во последните 10 дена.

Слична судбина ја чека и планетата Земја, но за милијарда години


Научниците укажуваат дека Земјата ќе се соочи со сличен крај, но за пет милијарди години, кога се очекува Сонцето да изгори и да ги согори внатрешните планети на Сончевиот Систем.

Тие додаваат дека самиот настан ќе биде „помалку драматичен“ бидејќи карпестите планети како Земјата, Меркур и Венера се многу помали од гасните џинови.



Извор: ВВС
Фото: Screenshot/YouTube/ R. Hurt/K. Miller (Caltech/IPAC)
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука