X
 11.03.2018 Култура

Хит на Балканот: Конкурсот за работа бил отворен само шеесет секунди!


Жена покажува на содржина во весник
(Фото: Thinkstock)


Речиси сите што сакаа да се пријават на јавниот повик за кофинансирање на самовработување во Босна и Херцеговина, едноставно, задоцнија. Иако го притиснале копчето за пријавување само една минута по отворањето на јавниот повик.

Федералнит завод за вработување на БИХ овие денови многу ги разлутил невработените и работодавачите. Причина за тоа бил јавниот повик за Програмата за кофинансирање на самовработувањето во 2018 година. Проблемот не бил во јавниот повик туку во должината на неговото траење. Имено, Заводот го отворил јавниот повик во срадата во 8 часот наутро, а го затворил една минута подоцна. Значи, сите кои сакале да се пријават по таа прва минута, немале можност да го направат тоа со образложение дека се потрошиле средствата.

Истото објаснување го дале и од Федералниот завод, кој истакнал дека проблемот настанал поради големиот интерес наспроти ограничените финансии.

Овој повик имал за цел да покрие најмалку 11.000 невработени лица од списокот на невработени во Федерацијата. Овие средства биле наменети за кофинансирање на први вработувања на млади лица, како и за вработување на жени.

Инаку, слична ситуација се случила со овој тендер  и минатата година. Само што тогаш тендерот траел нешто подолго – цели осум минути.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура