X
 27.03.2020 Образование

МОН го објави конкурсот за запишување ученици во средните училишта

Министерството за образование го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година.

Во конкурсот е наведен и преглед на наставните предмети од основното образование, кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, како и кои документи треба да ги поднесат учениците при пријавувањето.

- Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и едно пријавување во месец јули. Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година. Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година. Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година. Учениците што се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација - стои во конкурсот.

ТУКА можете да го прочитате целиот конкурс.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование