X
 20.06.2021 Наша тема

Јана освојува награди со кајак, проф. Ивановски ја преточи науката во применлив производ, ако поскапи струјата... Што истражувавме неделава?

Во случај да пропуштивте...

Професорот Ивановски иновира средства за стакла: „Науката ја преточив во применлив производ“: Не дека вакви производи нема во светот, но предизвик е тоа да биде направено во домашната кујна, а и цената би била драстично пониска. Патот за остварување на сонот не е сосема лесен, но во некоја рака е интересно патешествие проткаено со упорност, трпеливост и позитивно гледање на работите. На крајот, кога желбите и соништа се остваруваат, задоволството е огромно, вели професорот

Интервју со проф. д-р Кристина Мишева, носител на „Жан Моне“ проектот: „ЕУ е-здравствено право и Северна Македонија: Од тековни практики до имплементација“ : Тоа што се очекува да произлезе како резултат од проектот претставува огромен предизвик кој може да има влијание во националните е-здравствени политики и значајно влијание во креирање на здравственото право како посебна наставно-научна дисциплина во нашата земја.

Сѐ ќе поскапи ако се покачи цената на струјата: Поскапувањето на електричната енергија може многу силно да се одрази врз цените на поголем дел од домашните производи во чие производство енергијата, како влезен трошок, има многу високо учество. Во такви состојби ќе биде потребна енергична интервенција на Народната банка во насока на заострување на монетарната политика и остварување на нејзината главна цел - одржување стабилност на цените, укажува универзитетскиот професор Томе Неновски

Кајак на диви води е спортот во кој е вљубена 15-годишната Јана Ковачева, која неодамна се врати со два медала од трки во Србија: Јана неодамна се врати од Ниш со два освоени медали, каде што заедно со уште пет момчиња од Македонија учествуваше на трките „Цар Константин“ и „Златно весло“, на покана од Кајак кану-клубот „Гусар“ од Ниш

Англискиот балетан Ендрју Кук работи и живее во Македонија: „Тука има извонредни танчари, луѓето се топли и ми помогнаа“: Звучеше како авантура. Претходно немав запознаено некој што бил во Македонија, па се пријавив на аудиција во МОБ и другото е историја! Тука дојдов во септември 2016 година, без да знам каде ќе престојувам и немав некој да ми покаже што каде се наоѓа. За среќа, многу брзо открив дека Македонците се навистина многу топли луѓе, кои секогаш ми помагаа додека се навикнував на новата околина, вели Ендрју

Нема свидетелства во училиштата, можно е да се делат во август: Во СОНК има реакции за тоа дека има сериозни проблеми со недостиг на свидетелства. Тоа, според нашите информации, се должи или на нереализиран тендер за набавка на свидетелства или, пак, тендерот е доцна распишан. Непринципиелно е поради некои процедури, свидетелствата да не се издадат навреме. Ова е голем минус за службите, вели првиот синдикалец, Јаким Неделков

Задушница и Духовден низ народните верувања: Многумина од православните христијани за деновиве, кога ќе се одбележуваат Задушница и Духовден, преку адетите и обичаите ќе настојуваат да го оживеат споменот и да им оддадат почит на починатите.
Задушница, кога се слави споменот на починатите, се паѓа секогаш во саботата пред Духовден, кој се слави секогаш во недела и го означува слегувањето на Светиот Дух.

Скролај, бустирај, шеруваj! Дали со интернет-терминологијата се загрозува македонскиот литературен јазик?
Интернет-сленгот, со разни англицизми, е постојано присутен во комуникацијата меѓу младите, па покрај неговата употреба на социјалните мрежи, тој често се користи и дома и на училиште.


Издвојуваме

Наша тема