X
 22.06.2020 Живот

Нашата ќерка со часови облекува и соблекува едни исти чорапи. Загрижени сме поради овој ритуал, што да преземеме?

Имам девојче од 13 години. Пред околу 7 месеци почна во одреден период од денот да ги пресоблекува блузите. Ќе земе 4 блузи и една по една сите ќе ги пресоблече. По извесно време почна да го прави тоа во периодот од 23:30 минути до 00:30 минути. Само што една блуза ќе ја подигне и ќе ја спушти неколку пати. Сега излегува во ходник и ги пресоблекува чорапите - цело време набрзина едни исти чорапи ги облекува и ги соблекува и тоа трае по цел час. За тоа време таа е свесна, ако ја прашаш нешто, ќе ти одговори или ако зборуваме нешто интересно, ќе праша нешто. Значи цело време е присутна со мислата во секојдневниот живот. Многу е интелигентна. Тоа го прави секоја вечер во одредено време, а го прави понекогаш и преку цел ден кога е дома и кога немаме гости.

Одговорот од Радмила Живановиќ, лиценциран психолог-психотерапевт, може да го прочитате на Деца.мк.

Издвојуваме

Живот