X
 24.01.2023 Живот

Другарчето го тера да прават лоши работи во градинка. Како да го научам дека тој не е главен и да не му се плаши?

Имам 6-годишно машко дете. Тоа посетува градинка и таму има едно другарче со кое цел ден се заедно и прават лоши работи. Другарчето му вели: „Ако не ме слушаш што ќе ти кажам, ќе те тепам“, и навистина го тепа. Постојано разговараме дека не смеат да прават глупости и лоши работи, го казнивме, му сокривме играчки и му скративме интернет и телевизија, но сето тоа е безуспешно. И други деца буквално плачат од тоа исто дете. Разговарано и со негувателките и тие велат дека знаат и дека им е пренесено на неговите родители, но сето тоа е залудно. Проблемот е како да го научам детето дека сите деца се исти, дека никој не е главен во градинката или школото и нема потреба да се плаши? Ве молам за помош, навистина не знам повеќе како да постапам.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк



Издвојуваме

Живот