X
 25.07.2021 Наша тема

Доротеа Боцевска е единствената студентка-пилот, дали сте за задолжителна вакцина против ковид-19, Филхармонија на отворено... За што пишувавме неделава

Во случај да пропуштивте...

Млади архитекти од Македонија, Хрватска и Словенија заедно ја освојуваат Европа: Потекнуваат од земји што биле дел од ист поранешен политички систем, па често повозрасните генерации се поврзуваат и споделуваат нивни лични приказни со нив. Многумина, пак, во нив ги гледаат слогата и заедништвото во кои се работело и живеело во тоа време

Доротеа Боцевска е единствената студентка-пилот: Таму горе над облаците е слободата: Постојат повеќе категории на лиценци кои еден пилот може да ги има, а јас моментално сум речиси на крај со мојата прва професионална обука, но дефинитивно не планирам да застанам само на ова, туку сакам да продолжам со моето образование и да се стекнам со уште најмалку две лиценци, вели Доротеа

Анкета: Дали сте за задолжителна вакцинација против ковид-19? Сѐ почести се најавите дека наесен би можеле да се соочиме со нов бран на заболени од ковид-19. Делта-сојот рапидно се шири низ Европа, а по завршувањето на сезоната на одмори, прашање е дали бројките ќе скокнат и кај нас. Здравствените власти апелираат дека вакцините се единствениот начин да се заштитиме од нов бран, па дури се најавува дека на поголеми настани ќе може да се присуствува само со сертификат за вакцинација.

Проф. д-р Златко Пејковски: Изборот на професија е важен услов за професионална реализација на младите по дипломирањето. ФЗНХ е вистинскиот избор за матурантите: Производството на храна е еден од стратешките фактори затоа што обезбедува основна егзистенција. Освен тоа, претставува важен темел на економијата, кој е тесно поврзан со најбитните економски теми, вели професорот

Ако сте немале позитивен ковид-тест, а имате антитела, не може да добиете сертификат. За патување - ќе платите или ќе се вакцинирате: Од Министерството за здравство велат дека за патување во странство постојат три можности, со негативен ПЦР-тест, сертификат за прележан ковид-19 со важност до девет месеци и сертификат за примена вакцина и ревакцина

Срамни глетки: Дивите депонии ги задушуваат и делчевци и природата: Нашиот фоторепортер Борче Поповски ја долови реалната слика на две од повеќето диви депонии во Источна Македонија. Фотографираше во околината на селото Киселица и кај манастирскиот комплекс на патот кон планината Голак

Интервју со Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ: Квалитетно високо образование е услов за одржлив развој на современото општество: Генерално, од целиот овој процес на меѓународната акредитација, пред сè, очекувам подобрување на квалитетот на ФЕИТ како институција и на нашите студиски програми, кои сега ќе бидат признаени по европските стандарди, вели проф. д-р Ташковски

Тина Иванова, директорка на Филхармонија: Окупираме простори што не се наменети за концерти, особено не за класична музика: Изминатата сезона ќе ја оценам како една од најдобрите, токму поради условите, комплексноста на работата, неизвесноста. Имавме публика и внатре во салата, имавме публика и онлајн (концертите се емитуваа во живо), имавме одлични солисти и диригенти, мошне интересна програма, а воведовме дури и неколку новитети, вели Тина Иванова, директорка на Филхармонија, во интервјуто за Факултети.мк

Елизабета Наумовска, директорка на ДИЦ: Матура ќе се полага по нов концепт, со повеќе „чувари“, а ќе се воведе и академски тест на знаења - Интервјуто прочитајте го на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Наша тема