X
 26.09.2019 Култура

Нов бесценет артефакт за историјата на Пивара Скопје

Дали знаете кога е основана Пивара Скопје? Едногодишното истражување што го спроведува тимот на Пивара Скопје, во соработка со Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС, пребарувајќи ги архивите во Белград, Загреб и Софија, дојде до нови податоци и артефакти кои покажуваат дека компанијата била основана на 2 септември 1922 година, а дека производство на пиво започнало во август 1924 година.



Во пресрет на големиот јубилеј - 100 години од основањето на Пивара Скопје, збирката на артефакти за историјата на Пивара Скопје, денеска се збогати со уште две книги, кои се подарок од Државниот Архив и датираат уште од 1924 година. Првата книга - „Дневник на купувачи на пиво“ е всушност евиденција за првите купувачи кои набавиле буриња со пиво, а во втората книга може да се забележат потписите на првите потрошувачи кои направиле нарачки, меѓу кои биле познатото семејство Шкаперда, скопската митрополија, офицерскиот дом и многу други.



„Многу сме им благодарни на Државниот Архив и Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС за одлуката овој артефакт да ѝ биде предаден на Пивара Скопје. Постојаното надополнување на нашата колекција на артефакти е од огромно значење за компаниското наследство. Ме радува што еден ваков бесценет артефакт се враќа онаму од каде што потекнува“, изјави Ламбро Патче, менаџер за комуникации и односи со јавност на Пивара Скопје.

Од тимот што работи на истражувањето очекуваат дека ќе се откријат уште многу интересни артефакти, а и непознати факти кои дополнително ќе го збогатат наследството на Пивара Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура