X
 27.06.2021 Наша тема

Матурските тестови и притисоците за оценка, за џезот со проф. Сашо Поповски, атлетичарката Дрита Ислами, актерот Жарко Димоски... Што пишувавме неделава

Во случај да пропуштивте

Сашо Поповски на три џез-фронта – професор на УГД, музичар и организатор на „Џез-фабрика фест“ - Формирањето на џез-одделот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е од есенцијално значење за развојот на современата македонска џез-сцена поради фактот што нејзините чинители своето џез-образование го стекнуваат токму на одделот, вели професорот Сашо Поповски

Шампони на точење, дрвена четка наместо сунѓерче... Марија, Теодора и Дејан подготвуваат „зеро вејст продавница“ - „Зеро вејст“ продавница значи дека продавницата се фокусира на комплетно живеење на сите нула отпад вредности, во секој сегмент од постоењето. Тоа значи дека главната цел е да се покрене свесност и да се едуцираат луѓето како да почнат да размислуваат да прават помалку отпад.

Матурските тестови се прегледуваат во 3 училишта. Притисоци се залудни, без читач за бар-кодови не се знае кој тест чиј е, велат од ДИЦ - И да има обиди за притисоци врз оценувачите, би биле залудни бидејќи сите тестови се кодирани и не се знае кој тест на кој ученик му припаѓа. Тоа единствено се дознава со читач за бар-кодови, вели Елизабета Наумовска, директорка на Државниот испитен центар.

Учениците од текстилната струка во Битола добиваат награди и во Франција, на пат се да станат успешни модени креатори - Завршната изложба на скици и модни изработки од учениците во СОУ „Таки Даскало“ во Битола покажаа дека оваа струка не значи само знaење за шиење на машина,туку вештини и компетенции за дизајнирање на модели.

Кога бев студент со Жарко Димоски: Сакав да пеам со Синатра, да глумам со Богарт и да пијам кафе со Тесла, па станав актер - Мојот факултет, а и целата моја професија е една голема игра. Моите испити во принцип беа пракса и цело време работевме во група, ретко имавме теоретска настава. Студирав три години и, за среќа, не паднав на ниту еден испит.

Нашата најдобра атлетичарка Дрита Ислами: Студира втор факултет, рекордер е на тартанот и сонува за олимписка норма - Реално, во последно време имаме многу подобри услови во атлетиката кај нас. Можам да кажам дека се живее од тоа и дека може професионално да се тренира кај нас. Мојот сон ќе биде да ја исполнам олимписката норма и да ја претставувам Македонија во Париз 2024. Тоа ќе биде мој најголем успех, а истовремено и на Атлетската федерација
Тагови:

Издвојуваме

Наша тема