X
 28.04.2022 Образование

УКЛО избира нов ректор

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола објави јавен оглас за избор на ректор на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, односно за период од 1.10.2022 до 30.9.2025 година.

Кандидатите задолжително треба да се државјани на Македонија и да се редовни професори, а треба да достават пријава, биографија со библиографија, одлука за избор во редовен професор, програма за работа и развој на Универзитетот за мандатниот период и Уверение за државјанство. Кандидатите за ректор треба да ги достават потребните документи во оригинал или копија заверена кај нотар, во печатена форма, во рок од 12 (дванаесет) дена по денот на објавувањето на Јавниот оглас.

Актуелен ректор на УКЛО е проф. д-р Сашо Коруновски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование