X
 31.08.2021 Образование

Студенти од УКЛО креираа платформа Бинтерн за пракса и работа

Дека стекнатото знаење на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е императив во квалитетот на високото образование, покажува и најновата активност на дел од студентите на Универзитетот, поточно студентите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола, кои користејќи ги стекнатите знаења и својата инвентивност, иновативност и претприемачки дух, успешно ја пласираат во јавноста платформата Бинтерн. Што всушност значи платформата Бинтерн?

Димитар Митревски, креативниот творец на платформата, инаку студент на ФИКТ при УКЛО, ја објаснува идејата за платформата Бинтерн:

„Мотивот кој стои зад платформата Бинтерн е решавање проблем со кој се соочив на факултет, а тоа е дека треба да вложам многу време и енергија додека да стигнам до мојата прва пракса и прво вработување.

Затоа одлучивме со колегите да креираме платформа која на едноставен начин ќе им помогне на сите студенти да стигнат до пракса многу побрзо. Она што би им го препорачал на сите моите колеги/студенти е кога ќе се соочат со проблем, да не чекаат друг да им го реши, туку самите да се потрудат да го решат бидејќи ако не го решат тие, ќе го реши некој друг за нив, но тогаш тие ја губат можноста да бидат први во решавањето на проблемот, нагласува Димитар.

1

Ректорскиот колегиум на УКЛО, имајќи го предвид значењето на меѓусебното вмрежување, од своја страна  несебично ја поддржаа ваквата активност на нашите студенти, со што УКЛО стана и првиот универзитет кој потпиша Меморандум за соработка со Бинтерн. Имајќи го предвид делокругот на функционирање на платформата, целокупната соработка со Бинтерн ќе се одвива преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО.

За полесна детекција на значењето на оваа платформа, можеме да кажеме дека Бинтерн е платформа која ги поврзува студентите и работобарателите со компаниите за полесно и побрзо вмрежување на компаниите со студентите во делот на спроведувањето на практикантската работа, како и при процесот на вработување на младите кадри.

Целта на Бинтерн е да им овозможи на студентите и работобарателите побрз и поедноставен начин на започнување на својата кариера преку поврзување со компании за пракса и работа. Исто така, Бинтерн им помага на компаниите да си изградат вработени од млади и амбициозни луѓе.

2

Платформата Бинтерн досега има над 20 успешни приказни (луѓе кои започнаа кариера во компании), над 60 регистрирани компании на платформата и повеќе од 20 огласи секој месец.

Исто така, на платформата досега се имаат регистрирано над 1000 студенти и работобаратели од различни струки, кои се подготвени да ја започнат нивната кариера преку оваа платформа.

Целта на овие соработки е доближување на платформата Бинтерн до студентите и зголемување на нивните кариерни можности за пракса и работа во некоја компанија.
Кога сме кај настаните што ги има организирано Бинтерн, вреди да се спомене и организирањето на многу вебинари и два физички настани досега, и тоа едниот е Jobathon, односно Hackathon за вработување на кој учесниците имаа задача да програмираат решение за потоа компаниите да си изберат дел од најдобрите програмери и да им понудат работа кај нив.

4

Вториот настан организиран од страна на Бинтерн беше настанот Emerging Technologies, организиран во Битола со цел да сe соедини ИТ-заедницата и да се разменат искуства и знаења.

Во моментот, покрај со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола,  Бинтерн има склучено меморандуми за соработка и со други универзитети во државата, а ваквиот интерес од ден на ден станува сè поголем.

Доколку размислувате од каде да започнете со вашата кариера, Бинтерн е местото кое ги поврзува дипломците и студентите со компаниите за пракса и работа.
Регистрирајте се на bintern.com и започнете ја вашата кариера уште веднаш!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование