X
 28.07.2021 Живот

Влада: За сребрениот олимписки медал, Дејан Георгиевски ќе добие 1.800.000 денари

Владата на редовната 92. седница донела одлука на Дејан Георгиевски, нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината таеквондо, да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000 денари.

- Освојувачот на сребрениот медал во таеквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт - информираат од Владата.

Фото: Влада

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот