Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.
ТИТАН УСЈЕ АД Скопје
Објавува
ОГЛАС
ЗА ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА во СЕКТОР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ
ТИТАН УСЈЕ, како компанија чија стратешка оптределба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, започнува ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНСТКА РАБОТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ. ТИТАН УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.
Како дел од Програмата, ТИТАН УСЈЕ објавува оглас за платена ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА во Секторот за животна средина.
Програмата ги опфаќа следните области:
Учество во администрирање на документацијата согласно законските барања од областа на заштита на животната средина, како и интерните системи и процедури
Администрирање и евидентирање на податоци поврзани со заштитата на животната средина
Учество во прибирање и обработка на податоци за месечни и годишни извештаи кои ги изготвува Секторот за животна средина.
Квалификации на кандидатите:
Кандидатите треба да бидат без работно искуство, дипломирани или во завршна година на технолошки науки, хемиски науки или машинско инженерство.
Одлично пoзнавање на Microsoft Office апликации
Одлично познавање на англиски јазик
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Тимска работа и кооперативност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV)
3. Доказ за образование (уверение за дипломирање или за положени испити)
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Ангажирањето во програмата за практикантска работа трае определено време до 3 месеци, со можност за продолжување.
Учесниците во програмата ќе добијат Потврда за обученост во соодветната област од ТИТАН Усје и ќе бидат земени предвид при идни вработувања.
Аплицирањето се врши само на веб-страницата на ТИТАН УСЈЕ АД Скопје
https://www.usje.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.