X
 30.08.2026 Живот

Тони Манев истрча 400 км на Алпите, професори развија ВИ-модел што помага во стоматолошки третман, семејство на пат од 9 месеци... Што пишувавме неделава

Тони Манев истрча 400 километри на Алпите: „Од Алпите не носам само медал или резултат, носам едно животно искуство“

Ултрамаратонецот Тони Манев успеа да истрча 400 километри низ швајцарските Алпи. Со околу 25.000 метри висинска разлика и повеќе од шест дена на трасата, финишира на Кросинг Швајцарија 400к во Монтре. Овој предизвик Манев го заврши за 162 часа, 20 минути и 24 секунди, додека временскиот лимит е 176 часа.

За бруцошите следува студентски оброк, а стипендија само ако се запишани на дефицитарна студиска програма

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенционираниот студентски оброк, а Министерството за образование и наука објави повик за остварување на правото и ги повика сите студенти што ги исполнуваат условите да се пријават.

ВИ помага да се препознаат пациентите на кои им е потребен посложен стоматолошки третман“, интервју со проф. д-р Благој Ристевски, декан на ФИКТ

Професори од Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) при УКЛО - Битола и Стоматолошкиот факултет при УКИМ - Скопје развија модел со помош на вештачка интелигенција за препознавање пациенти на кои им е потребен посложен пристап во стоматологијата и научниот труд го презентираа на меѓународна конференција во Италија.

„Децата не се пречка за патување, туку најубави сопатници“, вели Славица Савеска Кењереш, која со своето семејство беше на 9-месечно патување низ светот

Најголемата лекција што ја научивме е дека највредните работи не се материјални, туку моментите што ги споделуваме. Патувањата ни покажаа колку малку ни е потребно за да бидеме среќни и колку многу добиваме кога ќе си подариме време едни на други, вели Славица Савеска Кењереш, администраторка на профилот „Семејство на пат“

Издвојуваме

Живот