X
 30.08.2026 Живот

На продажба остров во близина на Венеција: Тврдина од времето на Наполеон, две пристаништа...

Приватниот остров Креван, во северниот дел на Венеција, е понуден на продажба заедно со тврдина од времето на Наполеон, 2 пристаништа и околу 5.700 квадратни метри земјиште.

Островот се наоѓа на околу 7 километри од Венеција, на само неколку минути пловeње од островите Бурано и Торчело.

На имотот има тревници, високи дрвја, украсни растенија и овошки, како и мал внатрешен канал и повеќе патеки што водат до двете пристаништа.

Најзначајниот објект е тврдината со површина од 215 квадратни метри.

Првата тврдина била изградена во 1806 година, за време на владеењето на Наполеон, како дел од системот на утврдувања за одбрана на Венеција.

Утврдувањето подоцна било проширено за време на австриската власт, а по припојувањето на Венето кон Кралството Италија во 1866 година, преминало во сопственост на италијанската држава и останало во воена употреба до периодот по Првата светска војна.

 

Островот подоцна станал приватна сопственост, а тврдината била претворена во станбен објект. Реновирањето започнало во 1996 година, со зачувување на првобитната структура.

Денес има 4 главни простории и 2 бањи, како и вода, електрична енергија, греење и климатизација.

На островот има и дополнителни простории, вклучително и сместување за чуварот, а урбанистичките прописи овозможуваат нивно поврзување со станбениот простор.

Продажбата ја води компанијата за луксузни недвижности „Лионард Луксури Риал Естејт“.

Цената не е јавно објавена, а недвижноста моментално се нуди на приватниот пазар.

Извор: 021.rs
Фото: Screenshot (Youtube/QuotidianoNazionale)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот