X
 31.01.2026 Живот

Почина писателот Тихомир Јанчовски

Вчера, на 58-годишна возраст, почина истакнатиот поет, писател и преведувач Тихомир Јанчовски.

Јанчовски е роден во 1967 во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, 1991 година. Специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на Централно Европскиот Универзитет. Магистрирал современа историја на УКИМ, 2010. Се занимаваше со поезија, превод, медиевистика.

Објавил над триесет книги, главно поезија, преводи, романи и една книга историја. Има правено и претстави. Во 2024 со Бранислав Николов го создава поетскиот перформанс „Волкот на љубовта“. Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, присутен е во голем број антологии, а има и четири целосно преведени книги на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик.

Издвојуваме

Живот