X
 31.07.2025 Живот

Лансирана новата детска линија „Yaay! Fun and tasty“ - ПЛ на „Светот на Биби“

На македонскиот пазар пристигна првата серија производи од новата детска линија „Yaay! Fun and tasty“ - приватна трговска марка (ПЛ) на мултимедијалниот бренд „Светот на Биби“. Оваа линија е спој на вкусна храна и омилените ликови од „Светот на Биби“ и претставува исклучително искуство за најмладите потрошувачи.

Во продажба веќе се достапни:

- Зазулчиња – чоколадирани бонбони во весели бои
- Какао-топчиња – житни топчиња со какао
- Овошни топчиња – шарени житарици со овошен вкус

Во следните недели ќе пристигнат и:

- Флипс со Биби и Боби
- Солени стапчиња со жирафата Жижи
- Дуо-крем со Биби и Боби

Производството на „Yaay! Fun and tasty“ е доверено на Swisslion Agroplod (Ресен и Скопје), а дистрибуцијата ја реализира „Орбико“, водечки регионален дистрибутер.

Покрај оваа палета, „Светот на Биби“ започна и стратегиска соработка со компанијата Coach Foods, со која на пазарот се лансирани две нови детски каши Bibi Yummm, достапни во два вкуса:
- Bibi Yummm какао
- Bibi Yummm малина

Првично, производите ќе бидат достапни во Македонија, а наскоро и во сите земји каде што е присутен брендот „Светот на Биби“, вклучувајќи ги Италија, Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Албанија и Косово.

Линијата „Yaay! Fun and tasty“ е дизајнирана да ги спои вкусот, креативноста и детската имагинација, нудејќи нов начин на поврзување со едукативниот и забавен свет на Биби и Боби.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот