X
 08.10.2019 Живот

„Светот на Биби“ ќе учествува на „Бизнис-кафе“

Утре во кафе-барот „Umbrella“ во ГТЦ Скопје, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи 35. јубилејно „Бизнис-кафе Македонија“.

Овој пат во специјален формат, како гости-говорници се членовите на тимот што стои зад популарниот македонски детски лик Биби, кои пред присутните ќе споделат искуства од креирањето на концептот „Светот на Биби“, од самата идеја до финалната реализација.

Гости на настанот ќе бидат продуцентите на „Светот на Биби“: Стојче Ѓорѓиев, Марјан Алексовски, Жарко Стојаноски и координаторот на образовниот центар „Бибиверзум“ - проф. Кирил Барбареев. Организаторите најавуваат и специјално изненадување на настанот.

На настанот се поканети да присуствуваат сите позитивни и добро расположени бизнис-професионалци што сакаат да слушнат и да споделат свои бизнис-искуства, да запознаат нови деловни контакти и да си поминат убави моменти на дружба во неформална и релаксирана атмосфера. Бројот на влезници за настанот е ограничен, затоа ве охрабруваме да побрзате и да си го резервирате вашето место.

Картите за „Бизнис-кафе“, по цена од 300 ден., ќе можете да ги купите на следниве начини:

 - На фактура, пратете е-пошта на: mkbizniskafe@gmail.com или
 - Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис-настан).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот