За едриличарите тетовчани, повлекувањето учебници, како се користи оземпик, Бојан Кочовски, менаџер за маркетинг на пиво... Што пишувавме неделава
Назима скијачи, налето едриличари – тоа што немаат езеро не ги спречи тетовчани да се натпреваруваат во едриличарство
Кога ќе застанеме и ќе сфатиме дека двете најголеми природни богатства, но и најголеми спортски терени во Македонија се токму Охридското Езеро и Шар Планина, тогаш сè е јасно. Не гледаме причина зошто да не се впуштиме во нив со цело срце и душа, вели Љубомир
Од МОН велат дека прво повлекле од употреба 33 учебници за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение затоа што се во петта година од употреба и е потребно осовременување на содржината.
Интервју со Бојан Кочовски, менаџер за маркетинг на пиво: „Најдобрите иновации не почнуваат од производот, туку од потрошувачот“
Како изгледа да се работи за брендот што со децении е симбол на македонската автентичност? Во разговор со новиот менаџер за маркетинг на пиво во „Пивара Скопје“, Бојан Кочовски, откриваме што значи да се биде дел од еден од најреномираните домашни брендови и зошто „Пивара Скопје“ е вистинско место за младите што сакаат да растат во динамична, инспиративна и современа средина.
Семаглутидот е значаен напредок во современата медицина. Неговата примена има најголема вредност кога е заснована на соодветна индикација, информирана одлука и континуирана стручна поддршка. За лицата што имаат зголемена телесна тежина, првиот чекор е консултација и индивидуална процена на можностите за третман, вели докторката Биљана Шишкова, супспецијалист-кардиолог.