X
 01.04.2022 Живот

Шлаканицата на Вил Смит се најде на Берлинскиот ѕид како мурал

Уметникот Хесус Круз Артилес на неговиот инстаграм-профил објави неколку фотографии од мурал што го прикажува актерот Вил Смит како му удира шлаканица на Крис Рок на доделувањето на „Оскарите“. Во хаштазите тој нагласи дека муралот е нацртан на Берлинскиот ѕид.

- Извинете, не можев да одолеам. Како вам ви оди во реалниот живот? - напиша Хесус во описот на инстаграм-објавата. Имено, муралот е претворен во „меме“ што ги прикажува очекувањата наспроти реалноста, при што Крис Рок го претставува „фантастичниот живот на социјалните мрежи“, додека Вил Смит го претставува „реалниот живот“.

За потсетување, Вил Смит на доделувањето на „Оскарите“, поради шега на сметка на неговата сопруга Џејда Смит, му удри шлаканица на Крис Рок на сцена.

Крис рече дека едвај чека да ја види Џејда во филмот „Џи-ај Џејн 2“, поради фризурата на Џејда. Тогаш Смит стана, се качи на сцената и му удри шлаканица на Рок, а кога се врати на своето место, го предупреди да не зборува за неговата жена.

По добивањето на „Оскарот“ за најдобар актер, Вил Смит со солзи во очите се извини, а подоцна и на неговиот инстаграм-профил му се извини на Крис Рок.

Извор: Index.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот